Викторија Бекам пристигна на доделувањето на наградите „Glamour Women of The Year“ без нејзиниот сопруг Дејвид Бекам. Но, таа најде совршена замена за него за вечерта на која беше прогласена за Жена на деценијата.
Таа си најде нов придружник. На црвениот килим се појави со 14-годишнит син Бруклин кој изгледа подеднакво убаво како и Дејвид.
39-годишната дизајнерка се појави облечена од глава до пети во црно, а од аксесоари се одлучи само за чанта во златна боја. Бруклин достојно си ја заврши задачата за придружник и изгледаше премногу слатко во црниот костум и краватата. Се согласувате?