Моделот Миранда Кер ќе ја претстави нејзината најнова колекција на брендот “Royal Albert”, која вклучува садови и подароци.
Од Кер постепено стана бизнис дама. Имено, на почетокот од годината убавицата објави дека ќе тргне по нов пат. Откако се откажа од соработка со голем број на познати модни брендови како Reebok, H & M и Swarovski, таа веднаш се зафати со колекција луксузни чаши, чинии и прибор за чајна забава.
Австралиската ѕвезда вели дека нејзините нови рекламни сесии ја е потсетуваат на детството, кога со нејзината баба пиеле чај во луксузен сервис.
Миранда откри дека сака да создаде вечна колекција инспирирана од грациозноста на пеперутките.
„Пеперутките се многу симболични за мене, бидејќи тие ги отелотворуваат промените низ кои сите ние треба да поминеме во својот живот. Тие се симбол на верата и радоста”, објасни Кер.