Познатиот американски актер и доста успешен режисер Џорџ Клуни е најсаканиот оженет маж со кого би сакале да изневерат мажените Италијанки.
Ова станува јасно од шеговито истражувањето, спроведено од популарниот сајт “Викторија Милан“.
Во љубовна афера со тазе женетиот Клуни , би се впуштиле 24,3% од речиси три илјади анкетирани жени во Италија. Второто место на оваа листа го зазема не помалку популарниот американски актер Бред Пит, неодамна оженет со долгогодишната партнерка, актерката Анџелина Џоли.
Интересно е што Клуни и неговата сопруга, Амал Аламудин – Клуни, исто така, сакаат да го следат примерот на пријателите Бред Пит и Анџелина Џоли, кои имаат, освен трите биошки, и три посвоени деца. Имено, 53-годишниот актер и 37-годишната адвокатка Амал немаат деца од претходните врски, но се шпекулира дека сакаат да посвојат. Двајцата се венчаа во крајот на септември минатата година, во Венеција.