Музички филм за филмот од Коенови

Музичка комедија, во режија на браќата Коен?

Може да звучи како шега, имајќи го во предвид искуството на режисерско дуо Џоел и Итан со филмови како “Нема земја за старци” , “Фарго”, “Големиот Лебовски”, но тоа е вистина. Четирикратните носители на “Оскар” се враќаат на големиот екран како автори и режисери на ѕвездената музичка комедија “Аве, Цезар!”.

koenovi1

Замислата на филмскиот проект датира уште од далечната 2004-та година.

Уште тогаш браќа Коен го избираат Клуни за една од главните улоги.

koenovi2

Според зборовите на Коенови филмот ја завршува трилогијата, исцртана од филмовите “О брате, каде си?” од 2000-та година и “неподнослива суровост” од 2003-та.

“Аве, Цезар!” следи еден ден од работата на филмско студио, исправенo пред сериозни проблеми чие решавање не трпи одлагање. Човекот на чии што плеќи тежи одговорноста да среди сè (Џорџ Клуни) е киднапиран …

Прочитајте и:  Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска ги освои светските филмски фестивали

koenovi3

Акцијата се одвива речиси целосно во холивудско филмско студио, како се прикажани местата каде се снимаат различни филмови со различен музички амбиент.

Од екипата прецизираат дека публиката ќе стане сведок и на уникатен степски-танц во вода, под придружба на музиката на композиторот Картер Бернуел.

koenovi4

Во новиот наслов на браќата Коен учествува цела плејада ѕвезди како Џош Бролин, Џорџ Клуни, Чанинг Татум, Скарлет Јохансон, Тилда Свинтон, Ралф Фајнс, Џон Хил и Френсис Мeкдормaнд.

Комедијата е продуцирана од дуото Џоел и Итан, преку Mike Zoss Productions, заедно со Ерик Фелнер и Тим Беван од Working Title.

koenovi5

Премиерата на “Аве, Цезар!” ќе се случи на почетокот на 2016-та година.

- Реклама -