Mузичка честитка

ТhePianoGuys се музичка група од Америка која го освои светот со својата иновативност во музиката.

Тие умеат да направат совршена комбинација на современа актуелна музика со музички класици и тоа на начин кој не останува никого рамнодушен.

Од миксови на саундтракот од „Замрзнатото кралство“ и Вивалди, до Дејвид Гета, Бетовен, Војна на ѕвездите овие генијалци ќе ве впијат во нивниот свет и за миг ќе ве оттргнат од секојдневието.

Тие можат да бидат одличен метод да ги запознаете младите и да ги натерате да ја засакаат кавлитетната музика, препознавајќи ја во секое едно од нивните музички парчиња. Во продолжение еве неколку одлични музички предлози.

Let it go и Вивалди

Оne Republic и Бетовен

Бах низ нотите на седум челисти

Инспирирани од месечевата соната на Бетовен

Војна на виолончела – Пародија на „Војна на ѕвездите“

- Реклама -