Mузеј на отворено во Бразил

Во срцето на Бразил, во огромен парк  е лоциран најголемиот музеј на отворено во светот. Целиот центар – ботаничка градина, во која се наоѓаат дела на современата уметност, зафаќа површина од 20 234 квадратни метри.

Идејата за изградба на импресивниот центар е на некогашниот рударски магнат Бернардо Паз.

Inhotim музејот започнува да се гради во почетокот на 80-тите години на дваесеттиот век, кога Бернардо  купува голем ранч во рударскиот град Брумадинијо и го претвора во ботаничка градина, пополнета постепено со разновидни егзотични видови.

За изгледот на паркот главниот придонес е на бразилскиот  архитект Роберто Бурле Маркс, кој се смета за основоположник на современата пејзажна архитектура во земјата. Во ботаничката градина на Inhotim се наоѓа најголемата колекција во светот од палми – 1400 видови. Кон нив се додаваат илјади орхидеи, гигантски кактуси и тропски растенија.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

- Реклама -