Полека но сигурно во модата се „наметнаа“ и свиленкастите пантолони кои со својот крој, материјал и шара потсетуваат на свилени пижами. И додека модните експерти на почетокот ги отфрлаа, постепено, во комбинација со свечена едноставна кошула или убава маица, тие признаа дека ваквите пантолони можат да бидат супер избор за важни пригоди. Освен што изгледаат убаво и елегантно, тие се навистина удобни. Можете да ги носите со рамни сандали, балетанки, високи потпетици.