Викторија Бекам во едно неодамнешно интервју призна дека му го простила неверството на Дејвид Бекам и дека сега го сака многу повеќе од порано.
Таа вели дека се одлучила да му прости бидејќи верува во нивната љубов.
„Дејвид ме исполнува, ми дава сигурност и покрај него се чувствувам слободно. Не би го менувала за ништо на светот, изјави Викторија кога додаде дека поради сопругот дури би се одрекла и од кариерата иако тој никогаш не и го побарал тоа од неа. Нашиот брак е имун на времето бидејќи не дозволивме да се претвори во рутина. Дејвид секој ден ме изненадува со романтични гестови. Секое утро ме дочекува овошје во облик на срце или љубовно писменце“, додава таа.
Според пишувањата, Дејвид ја изневерил во 2004 година со тогашната асистентка Ребека Лус (37) и манекенката Сара Марбек (40).
„Преминав преку тоа и сега се сакаме повеќе од било кога“, вели Викторија во интервјуто.