MTV VMA црвен килим: Борба за најчуден аутфит

Најпознатите поп пејачки во моментов Лејди Гага, Кејти Пери и Мајли Сајрус очигледно сакаа да остават личен печат на вчерашното доделување на MTV Video Music Awards во Бруклин. Малку претерале во намерата, но секако дека останаа забележани.

Лејди Гага изгледаше елегантно и пристојно што е невообичаено за неа, додека Кејти Пери одбра многу чуден фустан со тигрест принт и златни детали што наликуваа на пеперутки. Сепак, најоткачен изглед имаше Мајли Сајрус – црни хеланки и топ со нараквици на рацете и нозете во шарени бои.

Untitled-6

Освен овие три дами, погледнете во галеријата што одбраа другите ѕвезди за црвениот килим на MTV Video Music Awards

- Реклама -