MTV VMA: Се врати Еминем, но сепак сите збореа за Мајли Сајрус

Вчера по 20-ти пат се одржаа MTV Europe Music Awards во Амстердам- ги имаме победниците.
Бруно Марс ја доби наградата за песна на годината „Locked Out Of Heaven“. Големо враќање имаше Еминем, кој ја доби наградата за најдобар хип хоп артист, а ја доби и наградата „Global Icon Award“.

3

Бијонсе доби награда за најдобар изведувач во живо, Кејти Пери ја доби наградата за најдобра пејачка, а Џастин Бибер за најдобар пејач. Авиџи ја зема наградата во категорија „најдобра елекронска музика“, Грин Деј се прогласени за „најдобри рокери“, ‘Linkin Park’ се прогласени за најдоби избедувачи во живо, додека пак 30 Seconds to Mars се „најдобрите алтернативци“.

4

Вечерта секако беше обележана со Мајли Сајрус, која прво го отвори шоуто, а потоа и настапи, за потоа да земе награда за најдобар видео спот на песната ‘Wrecking Ball’ кој е во режија на познатиот фотограф Тери Ричардсон. Мајли најпрво им се заблагодари на своите обожаватели, а потоа запали „цигара“ со непознати супстанци.

BYvfldQCEAEDEAR

На церемонијата оваа година настапија многу познати изведувачи, меѓу кои се Бруно Марс, Kings of Leon, Икона Поп, Кејти Пери, Робин Тицки, Снуп Дог, Рита Ора, бендот Imagine Dragons и групата The Killers…

5

 

Многу познати како што се Iggy Azalea, Ellie Goulding, Carice van Houten, Colton Haynesi, Џеред Лето и Рита Ора беа во улога на презентери. Публиката беше забавувана и од Рон Бургунди, лик од филмот ‘Anchorman 2’, кој го игра комичарот Вил Фарел.

- Реклама -