Се напив со пријателите. Не сум убила никого. Цело време ни испраќаа пијачки и ќе беше непристојно да ги одбиеме, напишала на Твитер поранешната манекенка.
Пред неколку денови имаше пресметка со поранешниот сопруг Еди Кибриани и неговата сопруга Лиан Рајмс и очигледно дека уште не го надминала тоа.
Бранди Гланвил (40) излезе во ресторанот Дан Тан во Холивуд. Наместо да јаде, поранешната манекенка, риалити ѕвезда и домаќинка се посвети на алкохолот и тоа не заврши добро.
Таа толку се напила што не можела сама да излезе од ресторанот. Белиот фустан што го носела и се лизнал и ги покажал градите, а задниот дел, кој е дизајниран да се преклопува, и се отворил па и се покажале црните танга и заедникот.
Бранди буквално не можела да стои на нозе. Нејзиниот пријател и повикал такси, а таа се обидувала да го бакне.
„Се напив со пријателите. Не сум убила никого. Цело време ни испраќаа пијачки и ќе беше непристојно да ги одбиеме, напишала на Твитер“, напишала Бранди следното утро по бурната вечер.