Мрачните тајни на познатите: Чија мајка била убиец, а чија сестра проститутка?

Славните со сите сили се обидуваат да ги скријат „црните дамки“ од животот и семејството. Но, не секогаш успеваат во намерата.

Еве ги најтемните страни на Холивуд.

Софија Вергара

s

Актерката позната по улогата во „Модерното семејство“, заедно со мајка и, брат и и сестра и се доселила во Америка откако нејзиниот друг брат бил убиен во Колумбија. На нејзина несреќа, братот со кој допатувала во Америка бил баран поради криминал, па го депортирале назад.

Ријана

r

Љубовта кон забавите и дивиот начин на живот најверојатно ја наследила од татко си. Додека живеела на Барбадос нејзиниот татко водел двоен живот, па имал уште едно „тајно“ семејство. Ријана има полубрат и полусестра кои сега живеат на Барбадос.

Шарлиз Терон

c

Оскаровката Шарлиз Терон има страшна семејна тајна. Кога имала само 15 години нејзината мајка го убила татко и кој бил насилен алкохоличар. Тврдела дека тоа го сторила во самоодбрана.

Прочитајте и:  Зошто некои мегаѕвезди го напуштија Холивуд?

Шарлиз не зборува во јавноста за трагичниот настан.

Џек Николсон

j

Славниот актер благодарение на еден новинар дознал дека неговите „мама и тато“ всушност биле негови баба и дедо, а го одгледувале како свое дете додека неговата мајка се претставувала како негова сестра.

За жал, членовите на неговото семејство се починати и тој не може да ја дознае причината.

Мараја Кери

m

Додека Мараја Кери е славна и успешна, нејзината сестра Алисон е наркоманка и проститутка. Додека престојувала во затвор таа дури се заразила со ХИВ вирус.

На разни магазини продавала детали од животот на сестра си, а подоцна ја молела за прошка.

Кевин Спејси

k

Братот на Кевин Спејси, Рендал, откри дека нивниот татко се приклучил кон нацистичката партија уште додека биле деца и сексуално ги злоставувал. Славниот актер никогаш не ја прокоментира оваа изјава на неговиот брат.

- Реклама -