Во видеото, 23-годишната миленичка на публиката Џенифер Лоренс, „пее“ на песна на Сантана ‘Evil Ways’.
До сега само гледавме како паѓа на доделувањето на Оскарите и тоа два пати, се смеевме на нејзината опуштеност и трапавост на црвениот тепих, уживавме во нејзинит улоги, но ништо не може да се спореди со нејзиното најново видео.
Станува збор за сцена од филмот „Американски измамници“ која е исфрлена, а се наоѓа како бонус додаток на ДВД кое го најде својот пат до интернетот. Во видеото 23-годишната актерка „пее“ песна на Сантана ‘Evil Ways’.
Видеото е снимено во еден кадар од режисерот Дејвид О. Расел, а Џенифер навистина се „опуштила“. Како изгледа, погледнете и самите: