Тој очајно сака да биде сопстврник на „Neverland“, но исто така сака да ја намали цената.
Дали претпоставувате за кого станува збор? Нормално дека знаете. Да, да, Канје Вест очајно сака да стане сопственик на имотот на Мајкл Џексон наречен „Neverland“ (Недојдија). Оние кои се бликси на Вест тврдат дека тој отсекогаш бил опседнат со овој имот, но до сега тој не беше во можност да го добие бидејќи не беше на продажба.
Сега кога „Neverland“ е конечно на пазарот создаде нов проблем, бидејќи Канје не сака да плати онолку колку се бара за истиот. Имотот, кој сега се нарекува „Sycamore Valley Ranch“ бидејќи така и се викал пред да го купи Мајкл Џексон, се продава за неверојатни 65 милиони фунти, а Канје се обидува да се договори со Jackson Estate и да ја намали цената за околу 10 милиони евра.
Иако Ким и Канје неодамна се преселија во својата палата вредна 20 милиони долари, тој веќе размислува за преселување.