Бел пикап возел по велосипедска патека на Менхетен, во Њујорк, покрај реката Хадсон и удрил повеќе лица, меѓу кои има и загинати.
Засега постојат неколку верзии и тоа дека возачот намерно влетал во велосипедската патека, буквално покосувајќи ги сите кои возеле велосипед, а другата е дека тој се обидел да ги заплаши велосипедистите со лажен пиштол и кога забележал дека наближува полицијата, влегол во комбето за да избега од улиците на Менхетен.
Најмалку шест лица загинале во овој инцидент, а има и околу десет повредени. Полицијата веќе има индиции дека се работи за терористички напад, но во текот на истрагата ќе се дознаат повеќе детали за настанот.