Помладиот брат на познатата манекенка Роузи Хантингтон- Вајтли, Тоби, тргнал по стапките на својата сестра и станал модел.
24-годиниот Тоби, кој исто така ги наследил полните усни како и неговата сестра, е новото лице на пролет/лето колекцијата на Jacamo, а на снимањето го покажа своето секси торзо.
„Jacamo избира мажи со различни висини и пропорции за своите модни кампањи, а Тоби совршено се вклопи“, откри потпаролот на Jacamo за Hello magazin.
Во меѓувреме, неговата успешна сестра го претстави својот нов парфем кој е создаден во соработка на Marks & Spencer, а со новиот проект се пофалила на социјалните мрежи.