Мозаикот направен со повеќе од 85.000 рубикови коцки

Решавањето на една рубикова коцка не е воопшто лесна задача, а замислете колку е само потешко создавањето на огромен мурал од илјадници рубикови коцки. „Cube Works“ студиото од Торонто, создаде неверојатен огромен мозаик составен од 85.794 рубикови коцки.


Проектот наречен „Најголемиот мозаик од рубикови коцки направен кога и да било“, кој е 200 метри широк и 13 метри висок, успеа да ја оствари својата цел и да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Од далечина на ова ѕиновско парче уметност можеме да го видиме хоризонтот на областа Макао во Кина. Токму таму беше и поставено ова дело, кон крајот на минатата година, близу брегот, недалеку од Хонг-Конг.

[youtube]http://youtu.be/ODD6RvYgrEg[/youtube]

- Реклама -