Делото на Да Винчи изработено во 16-от век, Мона Лиза, претставува најпознатото уметничко дело на сите времиња. Се претпоставува дека сликата во себе крие многу тајни, кои со години ја разбрануваат љубопитноста на луѓето. Сликата која е тема на бројни полемики, од друга страна, е инспирација за многу денешни уметници и шегобијци. Така, во последните неколку години делото на Да Винчи претрпе бројни манипулации, од кои на повеќето мистериозната дама на сликата е прикажана како девојка до 21-от век.