Момче заминало во прошетка со својата омилена книга за птици, со надеж дека ќе ги препознава во природата.
Не можел ни да претпостави што ќе се случи во тој миг. Додека ги листал страниците, застанал на една и во тој момент птица идентична како онаа во книгата слетала како прозвана да му каже „Еве сум. Тоа сум јас“.
Неверојатно, прекрасно и интересно, оваа слика во рок од неколку минути од објавувањето го запали интернетот.
Момчето е од Норвешка, а веројатно децата имаат јазик што природата го разбира и слуша.