На доделувањето на MTV VMA сите изгледаа привлечно и средено, но само неколку часа пред почетокот, сите беа во своите домови и изгледаа сосема поинаку.
Доделувањето на MTV музичките награди се оддржа во неделата веечр во Лос Анџелес, а се емитуваше во живо во повеќе од 160 земји во светот. Целото шоу го водеше Мајли Сајрус, а настапуваа Ники Минаж, Џастин Бибер, Фарел Вилијамс, Деми Ловато, Меклмор и Рајан Луис, и многу други, додека Тејлор Свифт имаше светска премиера на новиот спот за песната „Wildest Dreams“.
Сите овие луѓе се појавија на сцената дотерани и изгледаа прекрасно, но само неколку часа претходно тие беа дома и се бореа со косата, фустаните, шминката, чевлите итн.