Да, секој обичен човек би се скаменил од страв, но ова не беше случај и со Австралијанката Боби Џо Клоу, која во оваа ситуација изреагирала поинаку од повеќето луѓе.
Имено, чуварката на слонови во танзаниската зоолошка градина, уживајќи во нејзината сафари авантура заедно со пријателите, „налетала“ на два гепарди кои веднаш започнале да се искачуваат над нивното возило.
Сепак, Клоу наместо да се преплаши и да се обиде некако да побегне, го направила сосема спротивното, односно се фокусирала на тоа да го овековечи овој неповторлив момент со нејзиниот фото-апарат.
Фотографиите несомнено се прекрасни, иако, многумина напишаа дека ова е огромен ризик кој можел да заврши и трагично.