Деветнаесет годишниот Крис Крејс од Флорида, додека бил на риболов со неговата фамилија во Мексиканскиот залив, ненадејно им се појавила кит ајкула која пловела со нивниот брод одредено време. Крис не сакал да ја пропушти шансата и влегол во вода. Ја фатил за грбните перки и 15 секунди ја јавал.
Од мал сум фасиниран од големите животни што живееле и живеат на планетава, па неможев да си дозволам да ја пропуштам шансата да бидам во контакт со еден нивни преставник. Кога ја фатив за перката мислам дека не и беше пријатно, па затоа и бргу ја пуштив. Одма знаев кој вид на кит е тоа, и знаев дека не се опасни, па затоа и се одлучив за тоа да го направам- изјавил Крис за NBC.
Китот ајкула не спаѓа во загрозените ниту во заштитените видови на риби, неговата должина во просек е 9 метри и не се агресивни, па Крис не прекршил ниту еден закон, а стекнал искуство што може само во филмовите да се види. Тој бил предупреден од морските биолози дека рибите имаат заштитен слој на телото, кој лесно се остранува доколку се допираат и индиректно им се нанесува штета.
[youtube]http://youtu.be/wSjRfIz4B5Q[/youtube]