„Мојата пријателка ме натера да го објавам ова“

Славната пејачка Џенифер Лопез отишла на заслужен одмор со пријателките.

Имала потреба да побегне од медиумите, но нејзините пријателки се потрудиле пак да заврши на Инстаграм.

Џенифер Лопез знае како квалитетно да го искористи времето. Кога не настапува или кога не се грижи за своите деца, тогаш со задоволство се дружи со своите пријателки.

По раскинот со поладото момче Каспер Смарт, се посвети на себеси и албумот, а нејзините пријателки секогаш знаат да ја насмеат. Така нејзината „BFF“, најпозната по улогата во хит серијата „Кралот на Квинс“ Леа Ремини, ја исплашила својата пријателка додека се одмарала на базенот, а сето тоа го снимила и потоа го објавила на Инстаграм.

Screenshot_3 Screenshot_4

Покрај тоа, ја фотографирала својата пријателка и ја натерала да ја објави на својата секси слика. „Мојата пријателка ме сликаше. И потоа ме натера да ја објавам“, објаснила Џеј Ло на Инстаграм.

Screenshot_2

Кој би претпоставил дека тие се дружат, но очигледно добро се забавуваат.

- Реклама -