Модринки, стрии… Објавила слика по која жените ќе ѝ кажат БЛАГОДАРАМ!

Криси Теиген, згодната сопруга на музичарот Џон Леџенд, на Инстаграм објави слика и стана инспирација на милиони жени ширум светот.
Секси сопругата на Џон Леџенд, супермоделот Криси Теиген, со најновата објава на Инстаграм започна лавина на позитивни коментари и покажа како и ѕвездите и супермоделите се сосема нормални луѓе, со сите свои недостатоци.

Screenshot_3

Во симпатична и инспиративна објава на Инстаграм, на фотографијата ги покажала своите стрии на бутовите и ги претставила како најнормален дел од своето неверојатно тело. Со фотографијата првенствено сакала да ги покаже модринките на нозете кои ги заработила од кујнската фиока, но откога објаснила од каде ѝ се модринките, на крајот додала: „Ве поздравија стриите!“.

Bruises from bumping kitchen drawer handles for a week. Stretchies say hi!

A photo posted by @chrissyteigen on

Криси на Инстаграм ја следат речиси 2 милиони луѓе па не се сомневаме дека нејзината најнова слика ќе биде вистинско освежување во секогаш дотераниот и навидум совршен свет на познатите и славните!

- Реклама -