Николај Костер – Валдау се најде во последното мартовско издание на престижниот американски магазин „GQ“, најавувајќи ги машките тексас јакни како главен предзнак на пролетта.
Придружен од познатиот „Victoria’s Secret“ модел, Бехати Принслу, актерот најпознат по неговата улога во мега популарната серија „Game of Thrones“, каде го игра негативецот Џејми Ленистер, веднаш успеа да го привлече вниманието на љубопитните читателки.