Ешли Греам е првиот модел со плус големина која се појави во магазинот „Sports Illustrated”.
Таа е најзаслужна за досегашните успеси на моделите со плус големина, а нема сомнеж дека таа ќе биде „главен виновник“ и за сите идни.
28-годишната Ешли лансира колекција на долна облека за пазарот на САД ова лето. Дизајнирана со „Педесет нијанси на сиво“ во ум, градниците, долната облека, ноќници и кимоната ќе бидат со цени под 100 долари и ќе бидат со големи броеви.
Таа исто така е заштитно лице на Levis.