Шпанската добитничка на “Оскар” застана и пред камерата, но во улога на сценарист, режисер, но и на возач кој што откарва десетина манекенки среде пустината, каде што тие се соблекуваат по долна облека, играат аеробик и скокаат на јаже пред погледот на шпанскиот топ модел Џон Кортахарена …
Гаќичките се од новата есен-зима колекција на брендот L’Agent by AP, создадена од Пенелопе Круз и нејзината сестра Моника за британската модна куќа Agent Provocateur.
Музиката пак, е дело на друг претставник од фамилијата Круз, братот на дизајнерката – Едуардо (Еду), со уметнички прекар Оптимиста.