Дизајнерката и сопругата на Дејвид Бекам, Викторија ги отсранува тетоважите од нејзиното тело со цел да изгради подобра слика за себе во светот на бизнисот.
Викторија Бекам на зглобовите на двете раце има тетоважи кои се посветени на нејзиниот сопруг.
Нивната љубов не избледува, но се чини дека мастилото мистериозно бледее побрзо од вообичаено. Британските таблоиди шпекулираат дека Викторија повеќе не сака да има никакви траги на телто, бидејќи со години се бори за статус на еден од најголемите дизајнери на светот.
Со цел да не изгледа несериозно, Пош оди на ласерски третмани на отстранување на тетоважите, што е очигледно доколку се споредат слики од пред неколку години и сега.