Млада охриѓанка паднала по скали, се наоѓа во кома

Синоќа околу 23:35 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид од Медицинскиот центар во Охрид било пријавено дека кај нив во коматозна состојба била донесена Б.Т. (34) од Охрид која паднала по скали во куќа на улицата „Димо Хаџи Димов“, се вели во Билтенот на МВР.

Притоа, од падот, младата жена се здобила со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите истата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

- Реклама -