Американската актерка Мелани Грифит, позната по улогите во романтичните филмови, но и по бракот со Антонио Бандерас во младоста снимила неколку прилично разголеми сцени во различни филмови.
Еден од нив бил израелското остварување „The Garden“.
Мелани за потребите на овој филм се соблекла целосно гола, што го покажуваат и фотографиите од снимањето, кои неодамна биле објавени во јавноста.
Но, ова не е прв пат Мелани да се појави гола на големиот екран. Во филмот „Night Moves“ од 1975 година, била гола во неколку сцени, и тоа само на 17 години.
Инаку, Мелани Грифит имала прилично бурна младост. На само 14 години била во врска со тогаш 22-годишниот актер Дон Џонсон, за кој подоцна со ожени. Но, тој брак траел само шест месеци.
Вториот брак на актерката бил со актерот Стивен Бауер кој траел де години, а по разводот Мелани имала проблеми со кокаин, алкохол и таблети за смирување.
И покрај навидум среќниот брак со Антонио Бандерас, Мелани проблемите со алкохолот и дрогата ги влече во текот на целиот живот.