Езерото Бохињ е една од најубавите природни убавини во Словенија, која се наоѓа во Националниот парк Триглав. Иако не е познато колку езерото Блед, сепак, местото изобилува со магични пејзажи и интимна атмосфера.
Покрај езерото се наоѓа црква која датира од 14 век, која дополнително ја разубавува целокупната идила. Фотографиите кои ви ги прикажуваме подолу се дело на Грегор Скоберне, и се потврда за убавината на ова прекрасно место.
- Реклама -