Сите сакаме понекогаш да направиме пауза од работата. Повеќето едноставно ќе ги истегнат нозете, ќе испијат кафе или ќе станат нешто да јадат, но вработените во фирмата „Squarespace“ го подигнаа релаксирањето од работните обврски на едно сосема ново ниво.
Крис Лимбрик и Франческо Фрагомени уште на почетокот на ноември започнале проект кој го опишуваат како „уметнички-ремикс“. Од ден на ден нивните профили на социјалните мрежи станале стигнувале се повеќе коментари од обожаватели на нивната „работа“. Популарноста на проектот се проширила и глобално, а тие започнале да добиваат поддршка од сите страни на светот.
„FoolsDoArt“ е името на проектот, чии автори велат дека го смислила мајката на Крис.
„Седевме со колегите на работа и случајно направивме имитација на сцената од Систинската капела. Еден од присутните не фотографираше со телефонот, а фотографијата предизвикуваше смеа каде и да ја покажеа. Така започнавме да ги оживуваме некои од најпознатите сликарски дела секој пат кога ќе направевме пауза од работата“, раскажале тие.
Нивните колеги ги поставиле правилата: можат да се користат само реквизити од канцеларијата, а при уредувањето на фотографиите дозволени се само апликациите од мобилниот телефон како Snapseed, Diptic и Square InstaPic.
Нивните претпоставени немаат ништо против овој проект, бидејќи им одзема многу малку од работното време, а го крева расположението.