Познатата помлада сестра на Ким Кардашиан, Кендал Џенер, носеше креации на Марк Џејкобс на ревијата во Њујорк.
Кендал Џенер никогаш не криела дека сака да биде успешна манекенка. Има висина, изглед и фигура, а тоа го препознал и познатиот американски дизајнер Марк Џејкоб.
18- годишната Кендал самоуверено зачекори на модната писта и пред светлите рефлектори, но многумина забележаа нешто друго- Кендал професионално ја изработи својата прва модна ревија, а се согласила да прошета без градник. Можеби на прв поглед и не би ја препознале со новата фризура и различна боја на коса, но за тоа се портрудила нејзината горда сестра Клои.
Клои ѝ беше поддршка во публика, а по ревијата и напишала: „Мојата помала сестра ‘растури’ на ревијата на Марк Џејкобс!!!“.
Во модниот свет провокативната голотија е нешто сосема нормално, па затоа не е изненадување да се види манекенка во полуголо издание.