Познатата актерка во центар на вниманието.
Рис Витерспун била гостин на венчавка во Италија, а судејќи според снимката, одлично се забавувала. Со чаша шампањ, убавицата се опуштила и разиграла, а нејзините смешни танцувачки потези останаа засекогаш забележани.
38-годишната актерка ги мрдала колковите на песната „I will survive“ и ги освои присутните, пишуваат американските медиуми.
„Беше прекрасна, опуштена и приземена. Танцуваше и пееше песни на Џони Кеш и испадна многу пријателски расположена“, рекол Гвидо Лембо, еден од членовите на бендот.