Филипинката Меган Јанг, која е прогласена за најубава жена во светот, би можела да остане без круната поради нејзина фотосесија во провокативно издание за магазинот Rouge што ја снимила пред една година.
Веднаш откако и беше доделана титулата Мис на светот на социјалните мрежи се појавија провокативните фотографии, а некои корисници се прашуваат дали поради кршење на правилата на Меган ќе и биде одземена круната затоа што победничката треба да биде олицетворение на стил, достоинство и отменост. Меган за сега не ги коментирала фотографиите, а ако ја изгуби круната нова мисица ќе биде втората продружничка Марина Лорфелин од Франција.
Погледнете ја фотосесијата во која Меган позира и топлес