Самиот процес на ароматерапија смирува, но некои етерични масла сами по себе имаат природна сила и ги смируваат нервите.
Лаванда
Едно од најпопуларните масла за смирување е тоа од лаванда. Оваа билка кога се користи во ароматерапијата ја отстранува напнатоста и гневот и релаксира. Исто така, лавандата е добра и за оние кои страдаат од несоница.
Јасмин
По потекло е од Индија, но јасминот сега може да се најде насекаде на подрачјето на Медитеранот. Го нарекуваат „крал„ меѓу етеричните масла. Има богат, длабок мирис кој е сензуален и опушта. Се користи против ментални блокади, нервоза и тага. Добро делува и како антидепресив.
Камилица
Маслото од камилица е одлично за смирување. Делува како седатив, а во форма на чај е познат како напиток за опуштање. Во ароматерапијата неговата улога е поинаква. Освен што смирува, ги намалува болките и стресот.
Бергам
Иако се користи како масло кое дава сила, бергамот може да се смести меѓу смирувачките етерични масла. Корисен е и за ублажување на стресот.
Масло од ружи
Во Бугарија маслото од ружи се користи за ублажување на хистеријата, тагата и депресијата. Некои тврдат дека ги балансира женските хормонални циклуси.
Нероли
Нероли е егзотично масло кое се произведува во повеќе земји, вклучувајќи ги и Франција, Мароко, Тунис и Египет. Маслото се добива од горчливи портокали и е еден од најдобрите ароматски антидепресиви. Добро делува против стресот, шокот, стравот и недостигот на доверба.
Сандалово дрво
Ова е уште едно масло од Индија, а освен што е корисно за лекување акни, тоа е одлично и за смирување на нервите. Опушта и ја намалува иритацијата, а може да биде од помош за депресија.
Иланг Иланг
Етерично масло што потсетува на јасмин. Мадагаскарскиот „цвет над цветовите“ има сладок, егзотичен и сензуален мирис, Се користи како антидепресивно средство затоа што го смирува бесот и ја ослободува напнатоста. Што се однесува до физичката состојба, се знае дека Иланг Иланг може да ги намали проблемите со акните, го намалува крвниот притисок, ги ублажува грчевите во мускулите, ги ублажува симптомите на ПМС и помага во борбата против бактериите.
Ванила
Маслото од ванила може да се најде во тропските краишта како што се Тахити, Мадагаскар и Јава. Богатиот, топол и сладок мирис за многумина е еден од најпријатните миризливи масла, па затоа ванилата е омилена во потрагата по подобро расположение. Делува и како афродизијак.