Актерката Синтија Никсон ја откри оваа непријатна сцена во емисијата „Што мислите кои сте“? на TLC, а додека раскажувала за немилиот настан почнала да плаче.
Актерката која што се прослави со ликот на Миранда во „Сексот и градот“, открива дека нејзината прабаба го убила својот маж со секира, бидејќи ја злоставувал.
Во весниците од 1843, година стои следното: „ Ноа имал обичај да и се заканува на својата жена и тоа , на шокантен начин. Тоа утро тој и рекол на својата сопруга да стане и да направи појадок за него и нејзините деца, а потоа да се помоли за себе бидејќи се колне дека нема да и дозволи да го доживее залезот на сонцето. Таа подготвила појадок и се вратила во собата каде шт спиел нејзиниот сопруг. Ја зела секирата со која сечеле дрвја и со еден замав го удрила во главата“.
Миранда во шоуто ја читала оваа хроника и плачела.