Миранда Кер: Жива кукла по улиците на Париз

Таа само што пристигна во Париз за модната недела и веднаш „се фрли“ во шопинг. И за една обична прошетка, австралискиот модел Миранда Кер,изгледа беспрекорно.

Како да излезете да шетате во Париз ако не со стил. Миранда Кер ни даде одличен пример што треба да облечете за шопинг во француската престолнина и во светскиот центар на модата. Одбра секси фустан со отворен грб и необични дрвени кафени сандали. Во нив, 30-годишната Кер изгледаше повеќе како за на модна писта отколку за на шопинг.

1 2

 

Но, таа во истиот ден се појави и во друга, посекојдневна комбинација. Во капут со змиски принт и црни панталони нејзините нозе изгледаа бесконечно долги иако носеше рамни балетанки.

article-2438174-18622CAD00000578-783_634x738 miranda ker

- Реклама -