Две години откако ги соблече ангелските крилја, Миранда се враќа меѓу редицата избрани да ја носат титулата Ангел на Victoria’s Secret.
Долго време тлееа гласини дека нивната професионална соработка заврши во ќорсокак поради “тешкотиите во работата со Миранда Кер”, но денес секирите се закопани и нивните односи се преродуваат.
Цифрата поради која што 32-годишниот модел ќе парадира за Victoria’s Secret, следниот ноември, изнесува 3.8 милиони долари.
Според извори на Daily Mail австралиската убавица ќе се врати кон брендот не само како модел, туку и како дизајнер.
„Миранда и VS заедно работат над колекција долна облека и дел од средствата од продажбата ќе одат за нејзина добротворна кауза.”
По своето деби како Ангел, Миранда Кер стана првиот австралиски модел, кој парадирал за исконскиот бренд долна облека.
Аби Ли Кершоу, Џесика Харт, Елис Тејлор и Шанина Шејк ги следат нејзините чекори. Без оглед на угледот на еден од водечките модели на брендот, Кер беше отстранета од тимот на Victoria’s Secret, поради тешкотии во работата со раководството. Во соопштението по повод нивната разделба, претседателот на брендот Ед Разек изјави дека независно од крајот на заедничката работа “таа секогаш ќе остане Ангел”.