Миранда Кер е вистински јога мајстор што го докажува и оваа нејзина фотографија што ја објави на Твитер.
„Истегнување“, напишала Кер под црно-белата фотографија.
30-годишната Кер практикува јога долго време, а открива дека вежба секое утро.
„Вежбам пилатес и јога и правам тренинзи за истегнување со тегови и се исхранувам здраво“, откри австралискиот модел за време на неодамнешното снимање на кампањата за Reebok.
„Здравјето е многу важно. Ако сум во автомобил или во авион јас медитирам“, додала таа.