32-годишната австралиска убавица, Миранда Кер го одржува своето витко тело само со јога и многу вода.
На Миранда и се допаѓа „физичкиот и психичкиот ефект“ на јогата со која ги одмора умот и телото барем по половина час на ден.
„Практикувам јога повеќе од 12 години. Таа навистина функционира врз моето тело, но има ефект и врз психата. Се обидувам да вежбам секој ден по половина час “, вели манекенката.
Таа откри дека за комплетен тренинг додава малку енергетски вежби со тегови, кои ги тонизират мускулите. Кер вели дека не на последно место, за нејзината убава фигура се “виновни” и долгите прошетки во паркот со 4-годишниот син Флин, како и пријатните патувања со велосипед, кои сака да ги организира.
Миранда е во врска со 25-годишниот милијардер Еван Шпигел. Инвеститорот беше прогласен за најмладиот милијардер според списанието “Форбс”. Претходно, Кер беше мажена за актерот Орландо Блум, со кого се разделија во 2013 година.