Се шушка дека моделот е во врска со Џејмсон Пакер, а неодамна на Инстаграм сподели фотографија со нејзината другарка Софија.
Моделот Миранда Кер (30) и нејзиниот сопруг Орландо Блум пред шест месеци најавија дека се разведуваат, а Миранда одлучила да ја истражи својата бисексуалност.
„ Сакам и мажи и жени. Сакам да истражувам. Никогаш не вели никогаш“, откри Миранда за магазинот GC.
Во меѓувреме , 37 годишниот актер Орландо изјави дека се уште ја сака својата сопруга.
„ Постои голема љубов меѓу нас. До крајот на животот ние ќе бидеме заедно бидејќи имаме тригодишен син, така што многу е важно да се почитуваме еден со друг“, изјави неодамна Блум.
Актерот и моделот моментално го растат својот син во Њујорк, но Блум чезнее да го воспитува синот во Англија.
„ Живеев многу номадски живот. Но, сега кога имам син, станувам сериозен и сакам да бидам во неговиот живот“, изјави актерот.