Миранда Кер и Орландо Блум потврдија дека се разведуваат по три години поминати во брак.
Како што пишува MailOnline, австралискиот модел и британскиот актер веќе неколку месеци живеат одвоено. Славната двојка беше во врска 6 години, од кои три поминаа во брак.
Во соопштението од менаџерот на Орландо стои дека и покрај тоа што се разведуваат, тие се уште се сакаат, поддржуваат и почитуваат.
Во јануари 2011 година, 30 годишната Кер го роди синот Флин.
Причината во разводот најверојатно лежи во тоа што двајцата се премногу зафатени и постојано патуваат низ светот поради што не можат да си посветат време еден на друг.