Австралискиот супермодел Миранда Кер е благодарна што и покрај разделбата со актерот Орландо Блум, тој се уште е присутен во нејзиниот живот.Откако ѕвездите ставија крај на 3-годишниот брак, речиси истовремено рекоа дека тоа бил најдобриот чекор во името на нивниот син Флин.
„Флин заслужува двајца среќни родители. Орландо навистина е среќен, јас исто. Тој е одличен татко, среќна сум што го имам во животот”, коментира во интервју Миранда.
30-годишниот модел се обидува повторно да ја врати старата форма и да заблеска на модна писта.
„Требаше да го прифатам фактот дека постои можност моето тело никогаш повеќе да не биде исто, што беше пред раѓањето на мојот син и јас бев сосема во ред со тоа”, додава Кер.
Во една од неговите последни изјави, Орландо ја сподели радоста од блиските односи со неговата поранешна сопруга и истакна дека длабоката љубов меѓу нив никогаш нема да исчезне. Двајцата заедно го одгледуваат малиот Флин и доживуваат длабока почит меѓу себе.
„Работите постојано се менуваат, но јас сум и рекол на Миранда дека ние двајцата ќе бидеме поврзани во текот на целиот живот и заедно ќе го растеме ова прекрасно мало момче, плод на длабоката љубов помеѓу нас”, вели Блум.