Повеќето од нас ги губат своите детски имагинации кога ќе пораснат, но не и Акико Ида и Пјер Жавел. Од 2002-ра година, овие двајца професионални фотографери на храна сликаа игрива серија од диорами наречени Минимиам, во која минијатурни луѓе се во свет на огромна храна.
Во нивните диорами, Жавел и Ида организирале минијатурен модел на фигури во секојдневни позиции и ситуации кои ги поврзуваат разиграното овошје, зеленчук, тестенини и друга храна која ја употребиле во фотографиите. Иако главната цел на сликите беше едноставно да создадат серија слики кои ќе направат луѓето да се насмеат, некои од нив опфаќаат прашања како глобалното затоплување и нашата врска со природата.
Креативната двојка зад Минимиам се запознала за време на студирање на фотографија во уметничкото училиште Arts Decoratifs во Париз. И двајцата имаат заеднички интерес во фотографирањето на храна и двајцата се успешни во својата работа, што е веројатно причината што оваа серија слики изгледаат толку вкусно.