Иако веќе се навикнавме да ја гледаме Коко Остин во минимални парчиња облека, таа ги искористи пораснатите температури за да се облече уште помалку од вообичаеното. Имено, разладувајќи се во базен во Лас Вегас, 34-годишната ТВ реалити ѕвезда, го привлече вниманието благодарение на нејзиниот екстремен костим за капење кој повеќе наликуваше на обични врвци. Таа подоцна објави и фотографија на која е со нејзиниот сопруг Ајс Т. Во секој случај, без разлика на раскошните облини на русокосата старлета, повеќе од очигледно е дека овие бикини изгледаат невкусно и евтино.