Играњето со храна не е повеќе само за деца, откако бразилскиот уметник Вилијам Кас го докажа истото благодарение на неговите имагинативни фотографии од серијата „минимализам и храна“. Тој создава смешни минијатурни драми користејќи овошје, зеленчук, семиња, сладолед…
Уметникот воведува прекрасни мали луѓе во чудесниот свет, каде што портокалот станува базен, чили пиперките се претвораат во оган, и тиквичките стануваат топ за во циркуска претстава.