Залчиња чизкејк печени во рерна кои може да ги јадете како тортички, украсени со свежи сочни јагоди. Kој сака едно залче? Сите?!
Состојки: 6 бисквити, 30 грама стопен путер, 150 грама крем сирење, ½ супена лажица брашно, 45 грама шеќер, 1 жолчка од јајце, 1 супена лажица кисела павлака, 3 големи јагоди исечени на пола
Подготовка: За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Калап за 6 Мафини.
Чекор 1: За подготовка на основата замотајте ги бисквитите во пластична фолија и искршете ги. Стопете 30 грама путер. Парчињата бисквити ставете ги во Калапот за мафини, одозгора додадете го стопениот путер и убаво измешајте ги. Ставете го калапот во фрижидер додека да се подготвите за следната фаза.
Чекор 2: Подготовката на делот со сирење не може да биде полесна! Едноставно измешајте ги сите состојки заедно во длабок сад додека убаво да се спојат и со лажица ставајте ги во калапите.
Чекор 3: Печете 25 минути на 160 степени. Извадете ги од рерната и оставете ги да се оладат околу 1 час пред да ги извадите и одозгора да ги ставите половинките јагоди.
Совет: Додадете свежо нане и шеќер во прав за поубав вкус. Врз тортичките можете да ставите и желе од јагоди, доколку сте доволно амбициозни да го подготвите. Не ги јадете пред да пристигнат гостите!