Во последно време Бијонсе е зависна од објавување на приватни фотографии на нејзината страна на Tumblr. Овој пат откри како изгледале таа и нејзиниот сопруг Џеј Зи на млади години.
Викендов реши да сподели неодолива фотографија од детството. Но, за разлика од вообичаените детски фотографии, Бијонсе позира во фустан од златен материјал, турбан и големи обетки – со што сакала да сугерира на тоа дека отсекогаш била дива.
Пејачката, исто така, објави и фотографија од нејзиниот сопруг Џеј Зи од средно училиште како честитка за успехот што го постигна со албумот Magna Carta Holy Grail.
Погледнете уште приватни фотографии на Бијонсе