Мила Кунис и Ештон Качер му посакаа добродојде на нивното прво дете заедно.
TMZ објавува дека Мила (31) во вторникот се породи со женско бебе во Седарс-Синаи медицинскиот центар во Лос Анџелес, со нејзиниот вереник покрај неа.
Исто така се додава дека двојката пристигнала заедно во болница околу 6 часот сабајле и веднаш биле однесени во породилната сала.
Честитки до двајцата и едвај ги чекаме првите слики со бебето.